
Во организација на македонското социјално друштво “Св.Наум Охридски” од Мелбурн, Австралија и за оваа година го најавуваат неповторливиот настан под едно име “Македонска фолк фаланга”. Фалангата е предводена од легендарниот Наум Петрески во придружба на понзати македонски музички имиња, како Џевад Рамаданоски, Круме Милески, Стевче Стојковски, Оливера Коцева, Илија Тотовски Тота, Милован Секуловски и други.
Турнејата започнува од 25 мај а предвидени се низа настапи ширум земјата.
Минатата година Наум со својата екипа на ваквата турнеја бележеше преполни сали на своите концерни настапи кои повеќето беа однапред распродадени. Од организацијата очекуваат и изразуваат надеж дека истото ќе се повтори и оваа година.