Гоце сними втор спот за новата втора песна “Тоа остана”

Please follow and like us:
Pin Share

Деновиве Гоце Илиевски Балада го сними својот втор спот за новата песна која е насловена  “Тоа остана”. Карактеристично за новата песна е тоа што по првата балада по која Гоце стана препознатлив  втората негова песна е во сосема побрз и повесел забавен ритам. Во видео записот е преточена една современа идеја а се снимаше на познати локации во Скопје и Прилеп.

-Денеска снимаме спот за втората моја песна која што е во соработка со ИН продуккција, “Тоа остана”. Музиката и текстот се мои како и обично, аранжманот е на Славко Ристески.

Како што истакнува Гоце, моментално експериментира околу стиловите и ритмовите на песните, се со цел да допре до публиката и да препознае што точно таа сака.

-Ова е една експериментална верзија која што моментално оваа песна ја пуштивме на Youtube како обична снимка и е превземена од околу петнаесет радио станици, континуирано се врти речиси секој ден така да како резултат на сето тоа одлучивме оваа песна да добие свој видео запис, истакнува Гоце.

И покрај тоа што Гоце имаше најпозитивни коментари за неговта претходна балада “Биди ти моја”, сепак смета дека токму втората побрза песна ќе биде многу повеќе прифатена и барана од публиката. Сепак не сака пред време да ги изнесува своите очекувања, туку како што вели останува да се почека и види.

Инаку видео записот е сосема различен од сите досега останати кои се снимени со оглед на тоа што се снимаше на најфрекфентни скопски сообраќајници низ метежот на овој гад, нешто за кое со право можеме да речеме дека наликува на светските видео записи. Зад готовиот, финален производ ќе се потпише ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share