Бев пречекана како принцеза!

Please follow and like us:
Pin Share

Како и останатите музички имиња од македонската естрада кои изминатиов период беа на свои труени надвор од нашата земја, така и фолкерката Елена Јовческа изминатиот период подолго време ја немаше во нашата земја. Имено, Елена беше на повеќемесечна турнеја во Америка, каде бележеше свои настапи. Според нејзината изјава таа кажува дека била одлично пречекана во ресторанот “Дежа Ву”, во Америка ,чии што газди се македонци.

-Во овој ресторан пеев десет недели. Бев пречекана како принцеза. Се ми беше обезбедено. Имаат најдобар персонал, најдобри кувари и највкусна храна. Секако беспрекорни се и сопствениците на ресторанот господин Диме и госпоѓа Светле. Настапував со најдобрите музичари Нено, Чаче и Адријан. Публиката беше број еден, се пееше се а имавме и секакви гости, ги истакнува своите впечатоци Елена.

Она што посебно го нагласува Елена е тоа што станува збор за најдобар македонски ресторан во Америка со македонски кувари.

Please follow and like us:
Pin Share