Татјана не ги сокри годините

Please follow and like us:
Pin Share

Општо правило е дека една жена не се прашува колку години има.

Но, постојат и оние кои се издвојуваат од ова па со задоволство ги откриваат своите години. Една од тие жени е и пејачката Татјана Лазаревска која денес го слави својот 44 роденден.

-Денес имам 44, па што?- напиша Лазаревска во описот на фотографијата каде на своите следбеници на Инстаграм им откри дека денес е нејзиниот ден.

Исто така ја откри и најсилната страна на својот хороскопски знак водолија:

-Таа е челична дама која се може да поднесе и која никој не може да ја победи, се опиша пејачката во неколку збора според каракреристиките на атрологијата.

Татјана во периодов бележи бројни настапи ширум Австралија каде што живее со своето семејство.

Please follow and like us:
Pin Share