“Последен танц со мојата принцеза” нова песна на Туше

Please follow and like us:
Pin Share

Благојче Стојаноски Туше, деновиве ја промовираше својата нова песна која е насловена “Последен танц со мојата принцеза”. Како што појаснува Благојче, песата е наменета и симболична како последен танц помеѓу таткото и невестата на нејзиниот свадбен ден.

За напоменување е тоа што Туше се јавува како автор на музиката од песната а целосната изработка е направена во Про Саунд студиото во Прилеп. Искрено се надева дека песната ќе допре до срцата на татковците и невестите при што ќе биде барана на свадбените свечености, како симболика на танцот помеѓу нераскинливата врска на таткото со својата ќерка.

Туше се претстави со нова песна   кој носи наслов ” Последен танц со мојата принцеза “ . Според Туше е  ова е прва Македонска песна направена за ‘Последен Танц по меѓу таткото и невестата’.

-Песната бееше направена по порачка за свадба на Голд Кост Австралија, ама се надвам дка ќе биде доста барана и ќе стане традиционална, кратко вели Туше.

Инаку во моментов се наоѓа на своја австралиска турнеја а најавува дека ќе снима и нови други песни во летниот период кога ќе престојува во Македонија.

 

 

 

Please follow and like us:
Pin Share