
Штотуку се врати деновиве од големата америчка турнеја па деновиве се поклопи да биде тука за да го
прослави заеднички роденденот на нејзината мајка. Фолкерката Елена Велевска тоа го направи во пријатна атмосфера во еден угостителски објект. Моментот не го изостави да не го овековечи преку фотографија која ја објави на социјалните мрежи заедно со својата мајка, татко и најмалата керќичка. Притоа таа напиша и интересен фејсбук статус со кој јавно и го честиташе роденденот на мајка си:
-Најубавиот подарок за роденденот на мојата мајка е моето враќање од големата америчка турнеја. Среќен роденден мамо, биди секогаш убава и горда како што си, напиша Елена.
Инаку таа скоро два месеци беше на голема америчка турнеја низ поголемите градови каде што има македонци и направи незаборавни концерти и веселби со нејзиниот широк репертоар на песни. Елена беше во продужба на младиот Ангел Стојкоски , Митко Бежаноски и Илија Тотовски Тота.