Во Егејска Македонија Влатко направи делириму со сите македонски патриотски песни, најдлабока трага остави хитот “Велат не нема”

Please follow and like us:
Pin Share

Сеуште се тазе впечатоците и како што вели самиот несредени мислите од неодамнешниот настап во егејска Македонија на незаминливиот Влатко Миладиноски.

Овој вторник , по повод католички Божиќ, Влатко настапуваше во егејскиот дел и македонците кои живеат во овој крај ги остави во буквален делириум со неговиот голем хит кој ја одбележува оваа година “Велат не нема”. Гледам дека предизвика бурни реакции, многу силни емоции, многу ежење, вели Влатко.

-Ми пренесуваат луѓето дека кој да го види видеото викаат “се наежив”. Мене ми помина сосема нормално но ако ја гледаме целата ситуација секако дека е специфично нештото што се случи, меѓутоа беше навистина прекрасно, вели Влатко.

Како што вели влатко, песната “Велат не нема” впроче беше и пишувана специјално за нив, македонците кои живеат во егејста Македонија, ако се има во предвид фактот што се спомнуваат сите тие македонски места како Костур, Драма, Кавала, Лерин, Воден.

-Бев воодушевен прво од тоа што имаше огромна бројка на гости. Мислам дека имаше околу илјада луѓе во една прекрасна сала. Не очекував дека до толку ја знаат не само таа туку и другите мои песни , генерално македонски особено патриотски песни. Ги пееа сите во еден глас. Навистина беше уживање да се настапува. Многу кратко ми помина. Некаде сме пееле многу помал временски период па ни било долго, а ваму беше многу кратко, ни избега времето. Во секој момент уживавме, беше вистинско уживање.

Како што истакнува Влатко, покрај тоа што “Велат не нема” доживува голема бараност надвор од нашите граници, таа е барана и во нашата земја. Според него и во Македонија се доживува тој делириму кога ќе ја пее песната , исто како и кога ја пее надвор од нашата земја.

-Многу луѓе се пронајдоа и во оваа држава бидејќи песната има повеќе стихови. Навистина има преубава реакција и во Македонија, додава Влатко.

Песната “Велат не нема” која буквално со брзина на светлината се прошири низ целата земја, остава хит белег за годинава која изминува, а ја знаат речиси и најмладите .

 

 

Please follow and like us:
Pin Share