
Близначињата имаат 18 месеци и парот ги крие од јавноста. Бијонсе за оваа ретка пригода облече чудна XXL јакна.
Бијонсе и Џеј Зи имаа мега одлична година со многу хитови, полни стадиони и успешна турнеја, но затоа одлучија Божиќ да го поминат во мирна атмосфера.
Парот со нивните 18-месечни близнаци Руми и Сер Картер празникот го минаа семејно во парк во Њујорк. Со нив беше и најстарата ќерка Блу Ајви, како и мајката на Џеј Зи, Хети Вајт.
Поводот за посетата на паркот е што Бијонсе и Џеј Зи како подарок на Хети ѝпосветија клупа со прекрасна порака: „Некој седи во сенка денес, затоа што некој посадил дрво многу одамна. Со Љубов и Почит кон нашиот корен, Хети Вајт.“
Бијонсе за оваа пригода носеше XXL бела јакна.