
Лајв бенд, покрај бројните настапи кои ги имаа, тие 2018-та ќе ја паметат и по нивните две авторски песни “Да си прашам за неа” и “Туѓина била маќеа”, како и нивното најново оро кое е дело на Роберт Ангеловски.
2018-та година полека изминува, а македонските бендови има и со што да се пофалат, бидејќи повеќето од нив напорно работеа во текот на целата година. Еден од тие бендови е и Лајв бенд Скопје, кои годинава ја заокружуваат со две авторски песни и едно оро. Се разбира, не изостанаа и нивните настапи, за кои како што велат ги имаа во голем број.
-За Лајв бенд Скопје 2018-та ја одбележаа бројни настани од типот на многу настапи, две наши песни кои излегоа годинава “Да си прашам за неа” и “Туѓина била маќеа”. Две песни за кои многу голем труд се вложи и на крајот супер помина, убави две македонски песни кои добро поминаа кај слушателите.-истакна Орде Неделковски, вокал на бендот.
Дел од Новогодишното шоу на Лајв бенд беше и нивното прво инструментално дело насловено “Ангелово оро”, кое е комплетно дело на нивниот колега Роберт Ангеловски.
-Отсега би било неблагодарно да го најавиме стилот на песната, нека остане тајна. Меѓутоа не застануваме тука, како ова Новогодишно шоу, така подготвуваме уште една наша авторска песна која за краток период ќе имаат можност слушателите и гледачите да ја чујат и видат. Ќе биде со спот и здравје овојпат ќе биде во соработка со ИН Продукција.-додава тој при интервјуто за ИН ТВ.
Инаку, Лајв бенд се добропознати на јавноста по тоа што најповеќе ја негуваат македонската музика, а тоа го докажаа и со нивното самостојно Новогодишно шоу во кое има исклучиво македонска песни.