НЕДА УКРАДЕН СО ДВА ФАКУЛТЕТА, СЕВЕРИНА СО ОСНОВНО

Please follow and like us:
Pin Share

Многу естрадни ѕвезди го запоставуваат образованието за да ѝсе посветат на музиката, но повеќето од нив се високообразовани. Во српските медиуми деновиве се пишува за тоа кој од пејачите што има завршено.

Најобразована од сите е Неда Украден со завршени два факултета, Правен и Филолошки. Зорица Брунцлик има диплома од Правниот факултет во Ниш. Здравко Чолиќ завршил економски факултет во Сараево. Водителот Милан Калиниќ е пилот со завршена Пилотска академија, а пејачот Адил е дипломиран криминолог. Ќерката на Весна Змијанац, Николија, завршила студии по меѓународен бизнис во Атина.

Музички најобразовани се Жељко Јоксимовиќ, Билја Крстиќ и Корнелие Ковач – сите имаат завршено Музичка академија.

Повеќето од пејачите завршиле средно училиште. Дара Бубамара завршила средно сообраќајно училиште, а Цеца е со средно земјоделско, отсек свињарство. Мира Шкориќ и Драгана Мирковиќ имаат завршено средно трговско училиште. И Јелена Карлеуша завршила средно трговско училиште, но како вонреден ученик. Џеј е автолакер, а Синан Сакиќ е електрозаварувач. Сека Алексиќ по професија е фризерка. Гоца Тржан завршила гимназија, исто како и Ана Бекута.

Ера Ојданиќ завршил само основно училиште. Само основно имаат и Весна Змијанац, Северина, Љуба Аличиќ и Злата Петровиќ.

Please follow and like us:
Pin Share