
“После тебе” е првата заедничка песна на Дани и Игор кои се заедно како дует во групата “Тик так”. Тие беа дел и од новогодишната програма на ИН кои пренесоа дел од сработеното во годинава која полека изминува.
-Аранжманот и музиката се на Славко Ристески од Прилеп, текстот е на Љупчо Василев, припомош имавме и дувачки инструмент Кире, вели Дани.
-Годинава ќе ја паметиме по добра работа пред се како и нашата прва песна. Следната ќе подготвуваме нов албум, вели Игор.
“Тик так”бележеа и бројни настапи ширум целата земја, а во периодов настапуваат во Гостивар.