
Успешна година, исполнета со бројни ангажмани и настапи за младиот пејач Емрах Мехмеди. За 2019-та најавува снимање на спот за неговата најнова песна “Кога тргнав за печалба”.
Младиот и талентиран пејач, Емрах Мехмеди кој потекнува од Жировница, бележи уште една успешна година. Тој при неодамнешното интервју за ИН ТВ истакна дека е презадоволен од 2018-та, а се надева дека следната година ќе биде уште поуспешна.
-Можам слободно да кажам дека многу сум задоволен од 2018-та. Се надевам дека 2019-та ќе биде како оваа, полна со настапи, со дружење и слично.-вели Емрах, за естрадниот магазин “Естрада плус”.
Емрах веќе има нова песна, за која што најавува и снимање спот во најскоро време со ИН Продукција.
-Мојата нова песна се вика “Кога тргнав за печалба”. Снимена е пред кратко време и се надевам дека ќе направиме еден убав спот со ИН Продукција. За 2019-та имаме веќе закажано нови ангажмани. Се надевам ќе биде добро.-додава тој при интервјуто за ИН ТВ.
Младиот пејач неодамна беше дел од Новогодишното шоу кое што го организираше сателитската ИН телевизија.