
Емина Јаховиќ и нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал се „уловени“ заедно на патување.
Имено, тие самите се издадоа кога на социјалните мрежи објавија фотографии со кои докажуваат дека во исто време се наоѓаат на исто место.
Како што пишуваат медиумите во регионот, тие со синовите Јавуз и Јаман престојуваат во Милано, а друштво им прави братот на пејачката, екс-кошаркарот Мирсад Јаховиќ.
Ако се суди според објавите, на Мустафа и Емина им годи заедничкото патување, а пејачката во неколку наврати истакна дека среќата на нејзините деца и е најважна.
Потсетуваме, Емина по разводот од Мустафа за брзо се впушти во нова љубовна врска со турскиот милијардер Садатин Саран.