
Долго време се во заедничка придружба со групата “Астрион” и претставуваат неразделив дел од нив, Билјана и Борис Димови ја заокружуваат и оваа година како доста плодна на музички план. Бележат и како што велат многу добра соработка со групата.
-Можам да кажам дека сме задоволни оваа година. Прекрасно поминавме со оркестарот “Астрион” , нашиот бенд. Бевме премногу зафатени на приватни забави, по фестивали. Успешно работевме на проектот кој што го снимивме со ИН. Мислам дека е доволно за оваа година и догодина да биде поуспешна, истакнува Борис.
Билјана и Борис најавуваат нови, авторски песни за следната година.
-Мора за напредок да има нови песни, нови снимања, нови случувања, вели Билјана.
Дочекот на Новата година ќе им биде секако работен, со настап во комплексот Лебедово езеро во близината на Струмица.