Со “Мајка” и “Моме убаво” Михајло ја заокружува 2018-та

Please follow and like us:
Pin Share

Со песните “Мајка” и “Моме убаво”, Михајло Данилоски ќе ја заокружи 2018-та година. За наредната година најавува уште неколку нови песни заедно со групата “Бели Мугри”.

Михајло Данилоски годинава ја заокружува со две авторски песни. Тој е презадоволен од 2018-та бидејќи како што вели помина доста работно, а покрај ангажманите со настапи, успеа да сними и спот за неговата прва песна “Мајка”.

-Супер помина годинава за мене. Снимивме две песни, најпрво песната Мајка за која што со ИН Продукција направивме и спот, кој излезе феноменално. Во студио ја претставивме и песната Моме убаво. Таа беше снимена малку порано, пред Мајка. Работна беше годинава, имавме свирки, настапи, семејни веселби.-истакна Данилоски, при интервју за ИН ТВ.

Инаку, Михајло настапува заедно со неговите колеги од групата “Бели Мугри”, со кои што пред само кратко време прославија една година од нивното постоење. Тој за следниот период најавува уште неколку авторски песни.

-Нашите залагања ќе бидат големи. Здравје Боже, во 2019-та планирам уште поголема соработка со ИН Продукција. Работиме на три песни, кога ќе бидат готови сигурно први ќе дознаете за нив.-додава пејачот.

Михајло и група “Бели Мугри” беа дел од Новогодишното шоу на ИН продукција, каде што настапија со песната “Моме убаво”.

Please follow and like us:
Pin Share