Анета: “Тешко на предавниците” е песна која ќе ја одбележи оваа година

Please follow and like us:
Pin Share

Неможе да помине година а ние да не оствариме заедничка соработка на професионален план, вели

фолкерката Анета Наковска, која и оваа година успешно ја заокружува на музичко поле. Секако таа бележи нагорна линија што по настапи на фестивали, нови песни како  и музички спотови.

-Годинава ќе ја паметам по песната што ја напишав и која што ќе кажам ја одбечежа годинава “Тешко на предавниците”.Моја музика, мој текст , која што многу навистина, посебно во Австралија многу силно помина. Она родољубие, патриотско чувство што е вкоренето во крвта на македонецот, некако најдобро го почувствуваа нашите во Австралија. Најмногу имав реакции од таму, по радио станиците каде што песната се вртеше. Имаше навистина прекрсни коментари и од се срце им благодарам на сите слушатели кои се јавуваа.

Покрај бројните работни активности кои ги имаше Анета во периодов, продолжуваат и понатака. За најлудата ноќ е со свој настап во Германија, поточно во Берлин. Помеѓу другото таа ќе има и други бројни настапи ширум Германија во текот на јануарските празнувања.

Please follow and like us:
Pin Share