
Најзапаметена ќе му биде оваа година по тоа што направи голем чекор во музичкиот етер, со своја авторска песна. Младиот Гоце Илиески –Балада, покрај тоа што ја пласираше својата нова песна, сними и видео запис за неа.
-Станува збор за песната “Биди ти моја”, музиката и текстот се мој, а аранжманот е на Славко Ристески. Снимавме со вас , ИН продукција така да очекувањата ги задоволивме, истакнува Гоце.
Гоце засега е сеуште во преговори околу тоа каде ќе настапува за најлудата ноќ, но како што кратко кажа има покана за настап на плоштадот во Крушево. Што се однесува за понатака, Гоце најавува уште нови песни и нови текстови.
-Секако да. Кон крајот на оваа година одиме со уште една песна. Почетокот на јануари повторно ќе снимаме нов спот, така да континуирано ќе има нови спотови, нови хитови, вели Гоце.
Она што како изненадување Гоце го најавува е тоа што ќе го промени музичкиот правец, односно нема да твори само балади туку и песни во поинаков ритам.