
Дали го погледнавте и дали ви се допадна најновиот спот на фолк пејачката Стојне Николова за песната “Око мое”?
Нашата џебна Венера како што милуваат да ја нарекуваат, го промовираше нејзиниот најнов спот за песната со наслов “Око мое”. Видеото се снимаше во реномиран ресторан во Скопје, а спотот го изработи ИН Продукција.
Инаку, “Око мое” Стојне ја отпеа на годинешното издание на “Роса фест”, а комплетен автор на песната е познатиот композитор и музичар, Бобан Мојсовски.
Во продолжение погледнете го видеото !