Охридскиот бренд група “Чардак” за следната година најавуваат повеќе авторски песни

Please follow and like us:
Pin Share

Најповеќе годинава што изминува ќе ја паметат по јубилејниот концерт кој го реализираа пред охридската публика, каде пред преполната сала во центарот за култура ги отпеаа познатите хитови, кои оставија траен белег на изминатото време од охридската група “Чардак”.

-Секако најповеќе по концертот што го имавме. Дваесет години од постоењето на групата “Чардак”, кој помина прекрасно. Продукцијата е при крај, се монтира цел концерт бидејќи беше сниман професионално. Песна по песн веќе се излезени половината, но ќе излезе и целиот концерт. Инаку, нормално група “Чардак” е работна група. Свадби, ангажмани, годинава не бевме никаде настрана. За другата година имаме најави а нашите постојани ангажмани се во ресторан “Тино”, истакнува Златко , член на групата.

Групата “Чардак” за следната година најавува на своите обожаватели со сигурност на нова авторска песна. Инаку тие бележат и неколку заеднички проекти со нашите фолкерки Елена Велевска и Анета Наковска.

Please follow and like us:
Pin Share