(ФОТО) Ова е жената покрај која Чолиќ реши да остари

Please follow and like us:
Pin Share

Од моментот кога првпат се појави на музичката сцена, речиси немаше жена која што Здравко Чолиќ не ја шармирал со неговиот изглед, настап, културно однесување, шарм и харизма.

Затоа тој со право се смета за еден од најголемите шармери на територијата на поранешна Југославија, а многумина, особено дамите, се прашуваа која е и како изгледа жената која Здравко ја избрал за свој животен сопатник.

Легендарниот пејач и се заколна на вечна љубов во 2001 година на русокосата Александра, која во медиумите не се појавуваше ниту тогаш, ниту сега премногу. Во бракот со Чолиќ тие добија две девојчиња, Уна и Лара.

Пејачот сепак, ретко зборува за неговиот приватен живот, а уште поретко се појавува во јавноста со својата сопруга. Затоа е способен да му обезбеди спокоен и мирен живот на своето семејство, далеку од медиумската помпа околу него.

Please follow and like us:
Pin Share