
Многу работа, бројни настапи низ Европа како и австралиската турнеја која ја имаше на почетокот од
годинава, се нештата по кои русокосата Сузи Анѓелковиќ ќе ја памети оваа година. Таа на асвтралиската турнеја беше заедно со Орце Стефковски и битолската група “Оскар”.
-Моментално на музички план сум во припрема на две песни на српски. Така да ќе биде тоа за брзо време, вели Сузи.
За дочекот на Новата година Сузи ќе биде со работен ангажман во Софија, Бугарија. За следната година таа најавува, како што вели многу песни.