
Постојани настапи и патувања, речиси на сите дестинации како во нашата земја така и дадвор од неа, фолк дивата Елена Велевска и за најлудата ноќ ќе биде многу далеку од нашата земја, во Америка.
Новогодишната ноќ ќе ја дочека со македонците од дијаспората во бројните амерички градови каде што се веќе најавени нејзините настапи.
-За новогодишната ноќ ќе бидеме во Индијана во Америка, шест години откако не сум била на таа страна да кажам. Последниот пат се сеќавам дека бев бремена со Калија и сега со нетрпение чекам да се дружиме со мојата публика, бидејќи многу работи се сменети за овие шест години. Се надевам дека фидбекот ќе биде ист и од страна на нив и имам доста пријатели , обожаватели, роднини, се надевам дека со нетрпение чекаат и тие да се видиме и дружиме за новогодишните празници, истакнува Елена.
Ако се направи еден сумарум од целокупната музичка продуктивност на Елена во годинава што иминува, слободно можеме да констатираме дека таа беше најработна за неа со повеќето нови песни кои ги пласираше, како и неколкуте видео записи кои ги изработи. Со исто такво темпо Елена продолжува и во следната година.