Фантастик бенд снимија видео проект со македонски песни

Please follow and like us:
Pin Share

Видео проект со убави македонски песни снимија момците од Фантастик бенд. Интересно е тоа што во песните преовладуваат традиционалните македонски инструменти, а од бендот се надеваат дека проектот ќе им се допадне на гледачите.

Момците од Фантастик бенд снимија видео проект во соработка со ИН Продукција. Како што велат од  бендот, станува збор за добро одбрани македонски народни песни во кои што преовладуваат традиционалните инструменти.

-Годинава за првпат соработуваме со ИН Продукција. Инаку, овој проект се состои од осум кавери. Сите се народни, македонски убави песни. Проектот сакавме да го снимиме на тој начин, со тоа што тука се вметнати и сите традиционални инструменти кои што си ги почитуваме и негуваме. Ете и јас сум облечен во убава традиционална македонска носија.-истакна тапанарот на Фантастик бенд, Драган Николоски.

Дарко Ангеловски, вокал на бендот вели дека песните за проектот ги избирале заедно со неговите колеги.

-Кога соработуваш со убав бенд мора да работиш целокупно. Заеднички ги разгледувавме и баравме кои песни да бидат, проектот е направен пред неколку месеци.-вели тој.

Од бендот се надеваат дека проектот ќе биде добро прифатен од јавноста и дека гледачите ќе уживаат во истиот.

-Нашите очекувања како и секогаш се големи. Пред се, се надеваме дека публиката ќе ги прифати и овие кавери и овие убави традиционални песни, наши македонски онака како што треба и како што публиката е  навикната да не слуша во тој стил. Не значи дека свириме само македонска музика, свириме и друг вид на музика. Овој проект си го носи тоа, така да се надеваме искрено дека ќе биде убаво прифатен.-додава Дарко при интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, тие пред извесно време ја промовираа и нивната прва авторска песна која носи наслов “Дари ми љубов”.

Please follow and like us:
Pin Share