“Бумбари бенд” за следната година најавуваат настапи надвор од нашата земја

Please follow and like us:
Pin Share

2018-та беше година со бројни настапи низ Македонија, вели во изјавата за ИН , Тони од групата “Бумбари”.

Помеѓу другото во годинава тие имаа и две нови песни а веќе третата нова песна ја промовираа неодамна при снимањето на новогодишната програма за ИН.

-Сега има најновa песна за снимањето на ИН новогодишнат и промотивно, за прв пат ќе биде емитувана. Добра година, позитивна и убава, заклучува Тони од бендот.

Според некое непишано правило, “Бумбари бенд” цело лето речиси го поминаа со настапи најповеќе во Охрид иако потекнуваат од источниот дел на земјава.

-Претежно бевме барани насекаде, свадбени веселби и други настапи но повеќе бевме тука во Охрид, цело лето го поминавме тука. Инаку свадбени веселби, други прослави , претежно низ Македонија. За следната година има веќе некои најави за свирки надвор од нашата земја, како и турнеи, открива Тони.

Инаку и Новата година “Бумбари бенд” ќе ја дочекаат во Охрид, каде што ќе бидат дел од низата забави на охридската ривиера. Конкретно тие ќе ги забавуваат гостите во хотелот “Престол” во Охрид.

 

Please follow and like us:
Pin Share