Северина ќе промовира албум

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачката Северина Којиќ ги изненади сите со овој потег. Имено, таа го објави датумот на долго најавуваниот и очекуван албум на цел Балкан.

Сите нејзини обожаватели ќе можат веќе од 01.02.2019 година да ги слушнат новите 14 песни кои ќе се најдат на новиот албум кој е насловен „Ало“.

Истовремено, пејачката на социјалните мрежи сподели дека наскоро ќе ја објави и првата песна која ќе биде носечка на претстојниот албум.

Песната носи наслов „Имаш право“, а Северина ќе ја објави деновиве на својот Јутуб канал. Музиката е дело на Гиоргос Сампанис, а зад текстот се потпишува Марина Туцаковиќ.

Please follow and like us:
Pin Share