Успешна година со бројни настапи за оркестар “Астрион” од Струмица

Please follow and like us:
Pin Share

И покрај малите промени кои им се случија во оркестарот, сепак групата “Астрион” завршува една успешна година зад себе на музички план.

Имавме добра и плодна соработка на музички план и продолжуваме понатака заедно со нашите вокали Билјана и Борис Димови, кратко велат од групата.

-Имаме план да снимаме нешто појако. Едно време стагниравме, сега веќе почнуваме со полна пареа, велат од Астрион.

Тие не ја исклучуваат и можноста за нови песни кои може да ги очекува публиката од нив.

-Секоја година како што напредуваме, напредуваме и со настапите, се понапред и понапред, додаваат од Астрион.

Во следната година најавија уште бројни музички новитети кои ќе може да ги очекуваме од групата “Астрион”.

Please follow and like us:
Pin Share