
Нашите константни соработници , членовите од оркестар “Маестрал” Битола, ги привршуваат своите подготовки за нивната престојна турнеја во Австралија. Секако годинава ја заокружуваат и со доста снимки, но и настапи ширум целиот свет.
-Имавме доста снимки, се разбира круна на сето тоа ќе бидат снимките кои ќе ги направиме овој месец, се разбира во соработка со ИН ТВ. Гледачите ќе имаат да гледаат доста интересни материјали, особено со нашиот Андреј кој ќе не придружува во Австралија. Нека биде изненадување за сите , премиерното гледање на тие снимки, велат од Маестрал.
Деновиве Маестралци, реалиираа нов видео преокт кој на некој начин ќе им биде носечки материјал на престојната турнеја во Австралија. Поконкретно оркестарот “Маестрал” токму за дочекот на најлудата ноќ ќе биде во Перт, Австралија. Тие на 28-ми месецов веќе заминуваат за Австралија а првата свирка им е токму за најлудата ноќ.
-Значи прват свирка за Нова година ќе ни биде кај нашите домаќини , оние кои не зедоа овој пат македонското друштво “Вардар”. Сите нашинци во Перт и пошироко ги покануваме во клубот “Вардар” да повелат заедно со нас. Овојпат заедно појачани со нашиот најмлад член, маестро Андреј, најавуваат од оркестарот.
Она по што најповеќе ја одбележа оваа година е јубилениот опстој од 30 години на оркестарот “Маестрал” кој го заокружија со голем концерт со сите свои колеги и соработници во родната Битола.