
На музички план се снимаа две песни, од кои и еден запис, а имавме и бројни музички настапи, вели во својата изјава вокалот од групата “Тандеми”, Горан Станишев.
Групата во изминатава година беше постојана на домашно, скопско тло, каде беа застапени низ повеќето локали. Покрај музичкиот плат, низ сме Горан додава по што друго ќе ја запаметат годинава:
-Друго по што ќе ја запамтиме годинава, требаше да одиме за Австралија но ни ги одложија визите. Ќе одиме , ама за сега ни ги одложија визите. Можеби сега дедо Боже не сака да одиме, па сака после Нова година да одиме. Затоа еве тука сме, настапивме на вашата новогодишна програма, истакнува Горан.
Сепак подготовките за нивната турнеја продолуваат и понатака, при што тие за многу брзо време ќе отпатуваат за далечната Австралија заедно со Оливера Василевска, како што веќе е најавено.
-Ние сме спремни. Прв пат ќе одиме има со што да се претставиме. Секогаш сме експлозивни на бина, темпераментни, таков ни е стилот. Не можам да бидам мире, темпераментот ми е голем, вели Горан.
“Тандеми” како и секогаш се постојани во својата работа, па аналогно на тоа и за следната година најавуваат нови песни за своите обожаватели и својата верна публика.