Бројни ангажмани и настапи на разни прослави ја одбележуваат 2018-та за прилепчанецот Мартин Стојаноски, кој вели дека годинава поминува турбо за него. Мартин и неговиот колега Кико Стојчески, 2018-та ја заокружуваат со заедничко оро кое премиерно го претставија на Новогодишното шоу од ИН Продукција.
2018-та е доста успешна и бериќетна за Мартин Стојаноски. При неодамнешното интервју за ИН ТВ тој истакна дека е презадоволен од ангажманите кои ги имаше во изминатиот период, а неговите очекувања за наредната година се дека ќе биде уште поуспешна.
-2018-та помина турбо. Адреналински перион, цело време со работа, цело време со свирки, семејни веселби, свадби итн. Дај Боже да ни биде и 2019-та поупешна, односно очекувам следната година да ни биде уште поуспешна.-вели Мартин, за естрадниот магазин “Естрада плус”.
Мартин ексклузивно за гледачите на ИН ТВ ни откри дека од следната 2019-та година ќе биде машкиот вокал на група Алтернатор од Битола и официјално ја најави нивната соработка.
-Еве сега ќе најавам дека наредната година ќе бидам вокал на групата Алтернатор од Битола. Мислам дека со нив за почеток ќе направиме неколку песни, кавери итн. Имаме доста планови во 2019-та, па ете сега официјално го најавувам тоа.-додава Стојаноски.
На Новогодишното шоу кое што го организираше ИН Продукција, Мартин и Кико Стојчески го промовираа нивното прво заедничко инструментално дело кое е насловено “Везир оро”. Тие се надеваат дека орото ќе им се допадне на гледачите и дека јавноста ќе ужива во нивната изведба.
Во продолжение уживајте во прекрасната изведба на Мартин за песната “Капки љубов” !