Новитети за следната година најавува Борче Наумовски-Министерот

Please follow and like us:
Pin Share

Нови песни и спотови најавува за следната година Борче Наумовски-Министерот. Тој вели дека е во преговори за турнеја во Америка во летниот период. Меѓудругото во интервјуто за ИН ТВ открива како помина 2018-та година за него.

Голем број планови за наредната година има и Борче Наумовски-Министерот. Тој за следниот период најавува снимање на нови песни, спотови, а во преговори е за турнеја во Америка.

-За 2019-та имам доста планови, ќе бидам во Македонија до март, април месец таков е планот. Имам некои најави за Америка во летниот период но лека полека, ќе видиме. Во преговори сум со Кирил Стојчески, мојот композитор да снимиме други две песни и секако мислам дека ќе бидат заокружени тие со видео запис. Сепак има време мислам.-вели Наумовски при интервјуто за ИН ТВ.

Меѓудругото, Борче истакна дека е презадоволен од 2018-та, година кога сними и промовираше два спота за песните “Ленче комшивче” и “Убавица си моја”.

-Искрено да кажам, доста работно помина годинава, особено летото и есента. Сега малку се релаксиравме. Снимивме два спота крајот на летото, месец август, добро испаднаа баш онака како што очекував. Треба да помине време сега, да видиме како ќе бидат прифатени, колку ќе имаат гледаност или колку ќе се пее песната. Гледаноста на јутјуб каналот и не е некое мерило, најбитно е да ја сакаат и да ја пеат. Во секој случај од замисленото сепак ако не 100 проценти, 90 барем ги остваривме за двата спотови.-додава фолк пејачот.

Инаку, Борче Наумовски-Министерот беше дел од пејачите кои настапија на Новогодишното шоу кое што го организираше ИН Продукција.

Please follow and like us:
Pin Share