Браќа Нуне : Годинава дефинитивно ја одбележува формирањето на нашиот нов бенд

Please follow and like us:
Pin Share

Браќата Нуне, се пофалија со бројни настапи кои ги имаа годинава. Тие велат дека 2018-та година ја одбележуваат и со формирањето на нивниот бенд, бендот на Браќа Нуне со кој што деновиве го промовираа заедничкиот проект со кавери на познати хитови.

2018-та поминува доста успешно за познатите музичари, браќата Нуне. Најзначајно за нив, покрај бројните настапи кои ги имаа годинава е формирањето на нивниот нов бенд, бендот на Браќа Нуне кој е составен од неколку искусни музичари, а заедно со нив е и Мими Јовановска, која важи за еден од најдобрите млади женски вокали во земјава.

-За нас супер помина. Имавме многубројни настапи, свирки. Го оформивме и нашиот бенд, тоа е најново нешто од нас оваа година. Така да, напорно работевме и се надеваме дека во иднина тоа многу ќе им се допадне на слушателите и гледачите.-истакна Раде, при неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Од бендот се надеваат дека и наредната година ќе биде доста исполнета со ангажмани за нив, но дека ќе биде и уште поуспешна од 2018-та година. За следниот период најавуваат нови песни и проекти.

-2019-та се надеваме дека супер ќе ни почне, како што ни завршува оваа 2018-та година. Со нашиот бенд имаме некои организации, свирки, работа, се ни се врти само околу музиката, но тоа нас ни е животот и за 2019-та планираме уште повеќе работа со цел да ги задоволиме сите вкусови и насекаде да си поминеме убаво.-вели Филип.

Бендот на браќа Нуне, деновиве го промовираа нивниот заеднички проект, а станува збор за кавери на познати македонски народни песни, но и неколку српски хитови  за кои што добија бројни позитивни коментари и честитки на социјалните мрежи. Тие неодамна беа дел од Новогодишното шоу кое што го организираше ИН Продукција во хотелот Престол во Охрид.

Please follow and like us:
Pin Share