Шминкерот на Ријана откри дека пејачката има двојничка

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачката Ријана нема време да завршува некои основни работи, па смислила нешто доста интересно.

Имено, шминкерот на Ријана, Дамон Робертс кој е специјализиран за веѓи откри дека Ријана има тајна двојничка. Наводно станува збор за девојка која е слична на пејачката, а служи за пробување на разни бои и облици на веѓи.

Секој пат кога Ријана ќе одлучи да го промени изгледот на своите веѓи, најпрво шминкерот ќе проба на нејзината двојничка за да види дали ќе убаво ќе изгледаат на неа.

Освен тоа, за да не се шета сама по продавниците, Ријана ретко оди во шопинг, па наместо неа праќа девојка која ги има истите облини како неа. Задача на нејзината двојничка е да пробува гардероба и да праќа фотографии на пејачката за да одбере најмногу што и се допаѓа.

Please follow and like us:
Pin Share