Ново музичко име на естрадата, Живко Кацелиновски со своја авторска песна

Please follow and like us:
Pin Share

Од своите најрани години се занимава со музика но сега во периодов веќе прави поголеми чекорина музичката сцена.

Младото и талентирано музичко име Живко Кацелиновски кој потекнува од Охрид, веќе има своја авторска песна, која е свадбарска.

-Скоро извадивме нова песна. Инаку со музика се занимавам од помала возраст од  околу 12 години, вели Живко , притоа додавајќи дека афинитетот кон музиката го наследил од своите .

Песната со која во периодов се промовира Живко е насловена “Невеста земам”, односно наменска свадбатска песна.

-Песната се вика “Невеста земам” во соработка со студио “Кочан ” од Битола. Инструменталист Џељо Дестановски, познатиот зулаџија, станува збор за свадбарска наменска песна, вели Живко.

Особено за напоменување е тоа што Живко своите посериозни почетоци во музичките води ги остварува со своја авторска песна, за која најавува дека ќе сними и видео запис.

Please follow and like us:
Pin Share