Давид Здравески сними спот за неговото првенче. Станува збор за песната “Без неа”, една прекрасна љубовна балада.

Давид Здравески деновиве снимаше спот за неговата прва песна која носи наслов “Без неа”. Интересно е тоа што во видеото се појавуваат момче и девојка кои ќе ја доловат целосната приказна која што се раскажува во песната.
-Снимањето помина одлично. Најпрво се снимаше во хотелот Атва Ресиденс, а потоа во центарот на Кичево. Песната се вика “Без неа” и голема благодарност ќе упатам до Анета Наковска за нејзината помош, како и до Дејан.-истакна младиот пејач.

Како што вели Давид при интервјуто за ИН ТВ, текстот за песната го напишал Јане, а музиката и аранжманот се дело на Дејан Миленковски.
-Очекувам дека песната и спотот ќе бидат добро прифатени од јавноста. Станува збор за една преубава љубовна балада.-вели Давид, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Тој за следниот период најавува и уште неколку нови авторски песни, додавајќи дека ќе работи со истиот тим кој што ја направи песната “Без неа”. Давид не ја исклучува можноста во најскоро време да сними и кавери на познати хитови.

