ДНК го реализираа својот сон, снимија спот во градот на блузот- Чикаго

Please follow and like us:
Pin Share

Покрај тоа што годинава го издадоа нивниот нов албум во месец мај, тие пласираа и  неколку синглови кои во меѓу време постануваат хитови. Неуморните Андреј и Панчо од ДНК, речиси како постојано да творат и создаваат хит песни.

-Покрај тоа што ни излезе “The best of” албумот, пред пола година, некаде во мај месец. Пуштивме уште некои синглови и спотови, “Пола човек” и “Дијамант”, заедно со тоа и немавме во план да извадиме уште. Снимивме уште една нумера се вика “Кога би знаела се” и сосема случајно се сретнавме со едни страшно добри момци и цела продукција која работат и аудио и видео во Чикаго, имавме настап таму и малку прошетавме. Снимивме видео запис и се надевам дека многу ќе ни биде драго ако се измонтира добро и се склопи еден убав пакет да го промовираме како реалност, да снимаш спот во градот на блузот. Ни се погоди баш имавме и специфичен стајлинг и многу ќе ни биде драго ако сето тоа испадне добро и како што треба. Нормално треба прво да го погледнеме и да видиме дали ќе го пуштиме, истакнува Панчо од ДНК.

Сепак и покрај големата професионалност како на нашите Андреј и Панчо така и од тамошните момци на видео продукцијата, сепак како што додава Панчо бариера е јазикот.

-Гого се вика дечкото кој е професионален боксер и работи во Чикаго. Ние не задовме камери и да снимаме низ градот, туку ние сме само како “стрит арт” свирачи и сме од страна и ја гледаме приказната. Интересен стајлинг , имавме одличен тим и ако испадне се како што треба , наскоро некаде до средина на декември ќе го пуштиме спотот, вели Панчо.

Песната е дело на нивниот продуцен Лазар Цветковски. Сепак со оглед на преголемата заложба за снимањето на овој спот, повеќе од очигледно е дека повторно ќе кренат и тоа голема прашина во македонската поп музика.

Please follow and like us:
Pin Share