Ангел Стојкоски за првпат ќе оствари турнеја во Америка

Please follow and like us:
Pin Share

Младиот Ангел Стојкоски деновиве гостуваше во студиото на ИН Продукција при што меѓудругото ја најавува големата турнеја во Америка. Тој ќе настапува заедно со фолк дивата Елена Велевска, Илија Тотовски-Тота и Митко Бежаноски.

Елена Велевска, Ангел Стојковски, Митко Бежаноски и Илија Тотовски Тота ќе остварат заедничка турнеја во Америка. Звуците од македонската песна, овие врвни музички имиња од фолк сцената, ќе ги пренесат на нашите македонци кои живеат таму, а како што открива младиот Ангел при гостувањето во естрадниот магазин “Естрада плус”, веќе се резервирани голем број концерти, во повеќе градови низ Америка. За најлудата ноќ, односно за Дочекот на Новата 2019-та година, ќе ги забавуваат нашинците во Индијана.

-Имаме доста организирани концерти, ќе има настапи во многу градови низ Америка, знам дека за Нова Година сме во Индијана, потоа Њу Џерси, Чикаго, Охајо и други.-истакна Ангел.

Со оглед на тоа што младиот и талентиран Ангел, во Америка оди за првпат, очекувањата се дека ќе биде добро прифатен од публиката и дека ќе остварат успешна турнеја од каде што ќе се вратат со бројни импресии.

-Репертоарот е подготвен, имав консултации и со Илија Тотовски-Тота, како мој соработник и сакам да искажам голема благодарност до него што ме поддржува. Репертоарот е готов, па се надевам дека ќе си поминеме убаво. Очекувањата се концертите да бидат полни, публиката да не прифати, да се веселиме и да ги дочекаме сите најубави празници заедно со нив.-додава Ангел, за гледачите на ИН ТВ.

Како што вели Ангел, на турнејата во Америка заминуваат на 19-ти декември, а планирано е да останат околу два месеци.

 

Please follow and like us:
Pin Share