Како изгледаше српската пејачка Александра Пријовиќ пред пластичните операции?!
Во 2012 година се појави на сцената од познато регионално музичко шоу, а денес е една од најпознатите млади пејачки.
„Јас сум Александра Пријовиќ, имам 17 години и доаѓам од Бели Манастир“, изјави пејачката во 2012. Тогаш, ѕвездата на „Гранд“ изгледаше многу поразлично.
Пејачката не крие дека направила неколку промени и дека уште на 15 години подлегна под нож, а сега е задоволна од сопствениот изглед.
„На некои сум им убава сега, на некои им бев убава порано. Луѓето не размислуваат дека тогаш имав 15 години и бев дете. За овие пет години, секако дека се променив. Направив ситни корекции“, изјави Александра.
Инаку, периодов Пријовиќ е во центарот на вниманието поради нејзината свадба со Филип Живојиновиќ која е закажана за 21 јуни.