Благојче најавува снимање нови спотови

Please follow and like us:
Pin Share

Бројни работни ангажмани и покрај низата патувања надвор од нашата земја, најавува фолкерот Благојче Стојаноски Туше. Туше во изминатиов период снимаше и неколку нови песни, а за периодов кој следува најавува и нови видео записи во соработка со ИН продукција.

-Наредно, сигурно со ИН продукција имам план да снимам два видео записи. Имам работни ангажмани низ Македонија, свадби и крштевки, соло настапи по летовалиштата во Преспанскиот регион, вели Туше.

Сепак, бројните работни ангажмани кои ги има во периодов ќе доведат до тоа да го пролонгира издавањето на новото ЦД за следната година.

-Претходното ЦД го извадив 2017 година околу јули и август. За Новата година извадив ДВД со тие песни , така да новото ЦД ќе почека за следната година. Не сакам да се брзам, ќе одбирам песни, додава Туше.

Благојче Стојаноски Туше е доста познат на македонската музичка сцена, особено по бројните негови хитови, како и пред дијаспората каде е чест посетител.

Please follow and like us:
Pin Share