Тамара Тодевска за „Женски Магазин” ја потврди информацијата дека е бремена по втор пат. Таа изјавила дека сеуште не се знае полот на бебето, но радува фактот што нивната ќеркичка Хана ќе си има друштво.
Македонската поп-ѕвезда Тамара Тодевска е бремена по вторпат. Популарната пејачка ја потврди убавата вест за „Женски Магазин“.
-Точно е. Се` уште не знаеме дали е момче или девојче, ама пресреќни сме. Хана ќе си има друштво – изјавила пејачката.
Тодевска и нејзиниот сопруг Александар Димитровски првпат станаа родители во април 2016 година.