
Спој на најдобрите. Канал 5 телевизија започна соработка со ИН Продукција со цел промовирање на македонската песна и естрадните уметници. Екипата на ИН Продукција и водителот Ване Маркоски ќе бидат задолжени за секое неделно утро ви започне со убава македонска песна.
Националната телевизија Канал 5 и ИН Продукција започнаа соработка.
Екипа на ИН продукција е задолжена за реализација на емисијата “Разбуди ме со песна” којашто се емитува секоја недела на Канал 5, а во која главен акцент се става на промоцијата на македонската народна, фолк, забавна и новокомпонирана песна.
Оваа соработка има за цел да ја зачува македонската песна, да ги промовира македонските пејачи и автори, а ИН продукција и ИН ТВ тоа го прават веќе 6 години.
Инаку, проектите кои продукцијата ги работи во моментов, а и оние коишто ќе ги реализира во иднина ќе бидат емитувани на Канал 5.