
“Кога би била моја” е насловот на првата авторска песна на групата Хепи енд, којашто ќе биде промовирана за скоро време. Момците се добропознати на јавноста по нивните бројни свирки на семејни прослави низ целата земја.
Младите момци од групата “Happy end” во моментов ја подготвуваат нивната прва авторска песна. Како автори на истата, се потпишуваат веќе проверениот, победнички тим, Лазар и Магдалена Цветковски.
-Моментално работиме на нашата прва песна, што ни е особено драго и мило да ја претставиме. Песната ќе биде во поп-рок фазон, а јавноста ќе има можност да ја слушне за скоро време. “Кога би била моја” е само еден нов почеток за нас и едно затишје за тоа што следи понатака, бидејќи планираме да се посветиме на авторска музика и да дадеме еден печат и од нас во македонската музика.-истакна Игор, вокал на бендот.
Инаку, момците најповеќе ја негуваат македонската песна, но свират и секаков вид на музика којашто им ја бара нивната публика.
-Свириме во многу клубови, дискотеки, ресторани, како во Скопје, така и во внатрешноста на Македонија. Во последно време најчесто свириме на семејни прослави, свадби, крштевки и секаков можен вид на прослави.-додава младиот пејач.
“Happy end” постојат од 2012 година, а можат да се пофалат со неколку поголеми настапи на концерти, како предгрупа на познатите пејачи, Саша Ковачевиќ, Аца Лукас, Милица Тодоровиќ и Адил.