Ѓоко Јовиќ со нов поп албум насловен “Корени”

Please follow and like us:
Pin Share

Неодамна Ѓоко Јовиќ, како едно од звучните имиња на македонската музичка естрада ја имаше својтата нова промоција на најновиот албум кој е насловен “Корени”. Како што појаснува самиот Ѓоко, станува збор за нов поп албум во кој има девет кмпозиции.

-Осум композиции се на Лазар и Ена Цветковски и една на Миле и Марина. Навистина сум презадоволен од самата промоција. Промоцијата беше во ресторан “Дион”, тоа е покрај кеј во Скопје, еден прекрасен реасторан и се одвиваше во најдобар ред, иако пред промоцијата имаше малку стресни ситуации кој што струјата малку исклучуваше, но откако почнавме со промоцијата се исчезна, истакнува Ѓоко.

Имено, Ѓоко Јовиќ е познат и по неколкуте кавер песни, но и по печалбарската песна “Туѓина пуста далечина” за која во соработка со ИН продукција изработи видео запис, а по која веднаш следуваше и покана за негова австралиска турнеја. Впечатоците од таа австралиска турнеја на Ѓоко се сеуште тазе и најавува нова тунеја за селдната година пред  нашинците во оваа далечна земја.

-Да, се најавува нова турнеја. Февруари и Март сме повторно на австралиска турнеја. Последните четири години секоја година сме Астралија. Да ги поздравиме нашинците , да им посакаме многу здравје и среќа и се гледаме во февруари и март. Повторно во Австралија, си поминуваме навистина со нашинците таму прекрасно. Еден убав топол народ кој што топло не пречекува секогаш, додава Ѓоко.

Како што потенцираше Ѓоко веќе четири години редоследно е на турнеја во далечната Австралија. За периодов кој следи најавува и снимање на нови видео записи за некои од неговите песни кои се на новиот албум.

Please follow and like us:
Pin Share