Дуа Липа ќе пее на финалето од Лигата на шампионите. Нејзиниот настап ќе биде на 26-ти мај пред финалниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
Популарната британска пејачка Дуа Липа ќе настапи на 26-ти мај на стадионот во Киев пред почетокот на финалниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
-Почестена сум што ме повикаа, тоа е можност што се добива еднаш во животот. Среќна сум што ќе бидам дел од тој спектакл, планирам да направам неверојатно шоу.-изјави 22 годишната пејачка.
Дуа Липа е родена во Лондон и има албанско потекло, а нејзиното семејство во 90-тите години се преселило од Косово.
Изминативе години меѓу познатите музички имиња кои настапија на финалето од Лигата на шампионите се групата Блек ај пис и пејачката Алиша Кис.