Популарната пејачка Јелена Карлеуша ги запали социјалните мрежи. Таа уште еднаш докажа дека е кралица на шок изгледи.
Јасно е дека изглед на просечна дама никогаш нема да видиме кај српската поп-пејачка Јелена Карлеуша. Токму затоа таа гордо стои на врвот како една од најатрактивните и најпопуларните на српската естрада.
За да се биде таков, треба тим, пари и секако оригиналност, а тоа воопшто не и недостига. Секој следен ден е поглед кон нова шокантна фотографија од ексцентричниот и брутално провокативен изглед на Јелена кој скоро и да не е наменет за очите на помлади од 18 години.
Овој пат нејзиниот изглед беа чизми со принт од долари, како и такви гаќички. Како што е ред, Јелена провоцираше најжестоко што знае и умее.