Ангел Стојкоски минатата година остварил турнеја во Франција. Тој ни откри дека за првпат настапил надвор од нашата земја, но и дека чувството да запееш македонска песна пред нашинците е прекрасно.
Стружанецот Ангел Стојкоски со импресии од минатогодишната турнеја во Франција. Со оглед на тоа што била прва турнеја за него, Ангел истакна дека си поминал прекрасно, а радува фактот што концертот на којшто настапувал бил исполнет до последното место.
-Супер поминав, настапував во градот Руен, кој се наоѓа во близина на Париз. Тоа беше прекрасна турнеја, прекрасни домаќини не пречекаа, салата беше преполна, чувството беше прекрасно. За првпат настапив надвор од нашата држава и премногу сум благодарен за таа покана.-вели Стојкоски.
Ангел на оваа турнеја настапуваше заедно со клавијатуристот Кирил Митрески и саксофонистот Александар Ложаноски.
-Прекрасно е чувството македонската песна да им ја испееш таму. Тие ја прифаќаат и ја слушаат многу повеќе од нас. Веќе сум во преговори за Италија. Засега неможам точно да кажам во кои градови ќе настапувам, но за скоро време ќе ве информирам за се.-додава младиот пејач.
Инаку, Ангел има голем број настапи претежно на свадби, крштевки и семејни прослави, но не изостануваат и ангажманите низ локалите и рестораните.