“Песна за Гостивар” постанува вистински хит!

Please follow and like us:
Pin Share

По промоцијата на “Песна за Гостивар” од гостиварскиот бенд “Фаворити” во просториите на ИН продукција, оваа песна навистина постанува голем хит. Како што истакнуваат членовите на групата, песната има голема слушаност и е доста барана од страна на публиката, особено гостиварчани, со оглед на тоа што е наменска песна за овој град.

-Песната има навистина голема гледаност, посебно кај наши сограѓани кои се преселени во странство но и низ други градови во Македонија, вели Драган Матески член на бендот,кој воедно е и автор на текстот за оваа песна.

За музиката на песната се потпишува Златко Бошкоски, додека за аранжманот е Љупчо Соколовски Бубе.

Периодов кој следува од “Фаворити” бенд најавуваат бројни настапи низ нашата земја.

 

Во продолжение видео записот

Please follow and like us:
Pin Share