Фолкерката Анета Наковска ужива во преубавата Флорида. Изминативе неколку месеци Анета буквало се релаксира и опушта во летната атмосфера на Бахамите каде што деновиве таа беше и на крстарење со крузер цели три дена низ Бахамските осторви. Како што самата истакнува во изјава за ИН два дена поминале во патување со крузерот низ Бахамите а претходно одмарала неколку денови во хотел во Вест Палм бич, како и познатиот монденски град на богаташите Бока Ратон.

-Во овие прекрасни предели имавме сликано преубави слики и професионална фотосесија со камера која е многу вредна но не успеавме да сватиме како ни се загуби камерата, наверојатно некој ни ја има украдено бидејќи беше многу високо професионална прекрасна камера, открива дел од немилиот настан Анета .
Сепак Анета успеа да објави дел од своите фотки на фејсбук профилот каде и овојпат таа стави сосема природни фотографии без никакви дополнувања и разубавувања, чисто онака како што Анета е природно. Таа во објавата на фејсбук напиша:
-Бахами, малку уживање. Ете, единствено јас немам програми за разубавување и разни филтери за да се подмладам, ама пак од друга страна си велам тоа е што е. Сите си ги носиме годините од тоа нема бегање , побитно е што носиме во срцето и душата , бидејќи тоа е тоа што вистински зрачи од нас и не оплеменува и разубавува многу повеќе отколку вештачкото бришење на брчките и килограмите, напиша Анета.

Деновиве Анета ќе се врати во родната Македонија каде веќе ќе отпочне со своите работни музички ангажмани кои и се предвидени за овој период.
