Маестро Завков: Македонската народна песна сега е многу изменета

Please follow and like us:
Pin Share

Во моите почетоци македонската музика имаше еден сосема поинаков правец а сега е многу изменета, истакнува еден од врвните инструменталисти во нашата земја, Маестро Милан Завков. Како што додава, самата технологија го направила своето па дошло до сосема целосна измена на музиката.

-Кога почнував македонската музика имаше сосема друг правец, еден сосема друг звук на целата таа музика. Нормално со текот на времето самата технологија претходно се што се снимаше, беше недигитално, ги немаше тие компјутери и ги немаше тие помагала кои ги има денес. Тогаш се свиреше се во живо, имаше повеќе концерти, повеќе живи настапи и некако македонската музика имаше друга насока да кажам. Сега, нормално со младите генерации се прави некој нов парвец во македонската музика, се внесуваат некои нови елементи. Некаде е добро, некаде не е добро, тоа ќе го кажат слушателите. Ќе направат еден избор, истакнува Завков.

Сепак како што додава маестро Завков, публиката е таа која ќе го направи вистинскиот избор со оглед на тоа што сега се нуди широк спектар на музика, која за некого е добра а за некого не. Во својот пребогат музички опус од цели 40 години творење музика, Маестро Завков на некој начин е заштитно лице на македонската народна песна, за која додава дека и понатака ќе ја создава и твори.

Please follow and like us:
Pin Share