Повеќе се пронајде во народната песна па започна да прави успешни чекори токму во овој правец на музика. Младиот гостиврачанец Даниел Јовановски најавува дека ќе продолжи да твори токму во таа насока. Неодамна при гостувањето во ИН тој ја промовираше неговата прва песна која носи наслов “Домот мајко да израдувам” а за која набрзо ќе снима и видео запис.
-Планирам песната да ја промовирам на убав начин како што треба и планирам да сработам еден спот, истакнува Даниел со цел песната поблиску да допре до публиката која ќе ја даде и оценката.
Како што додава Даниел сака да го запознае и засака публиката како и да ја негува оваа музика. Помеѓу другото Даниел сработи и песна за настап на престојниот “Фолк Фест Валандово” но му ја одбиле песната.
-Сега имав песна која ја сработивме пред месец дена за на Валандово. Песна исто со Златко Миладиноски и Драган Матески ама ја пративме песната но не ни ја примија. Зошто е тоа така, не знаеме. Ние мислиме дека ја сработивме многу добро ама кои се причините не знаеме. Песната е со љубовна тематика, вели Даниел.
Сепак Даниел најавува дека нема да се откаже во ниеден случај од пеењето и дека ќе продолжи и натака да ја негува македонската песна.
