Четириесет и двегодишниот Орландо Блум ја запроси Кејти Пери (34) на Денот на вљубените.
Актерот и пејачката се во врска три години, а веста за свршувачката и двајцата предмалку ја споделија на нивните профили на „Инстаграм“.
Сепак, парот не остави ништо на случајност и гласини. Пејачката сега објави фотка на нејзиниот Инстаграм профил, заедно со Орландо, а на фотката во фокус е прстенот.
На фотките од запросувањето, двајцата стојат под свод во форма на срце и изгледаат среќно и возбудено.
Инаку, Кети и Орландо беа во врска 3 години пред да решат да ја крунисаат нивната љубов.
